За Трн пишува Ана Василевска
По 22 години постоење, „Парусион“ не зборува за фјужн како етикета, туку како начин на размислување и заедничко музицирање. Ансамблот повторно настапува во МКЦ на 28 јануари, со концерт што го најавуваат како авторско фјужн доживување – музика што е однапред договорена, но секогаш различна во живиот момент. Во разговорот подолу, зборуваме Михаил Парушев за ритамот како тема, за колективниот звук, за албумот „Агол“ како полнолетство и за тоа зошто оваа музика не е моментална, туку продукциска.
Фјужн како готова форма со простор за зачини
Трн: Концертот во МКЦ го најавувате како авторско фјужн доживување. Што за вас значи „фјужн“ денес и како тој поим се преведува на сцена со „Парусион“?
Михаил: Да, најавувам концерт со авторски содржини кои се во фјужн стил и импровизации на истите теми на самите композиции. Денес фјужн, од наш бендовски аспект, е веќе готова содржина која има место за апстракции и додавање на нови зачини. Дали како звучни ефекти или импровизации, но сепак во контекст на композицијата.
22 години бенд, луѓе и методи
Трн: „Парусион“ постои повеќе од две децении. Како се менуваше звукот на ансамблот со годините и што е клучното што го дефинира во оваа актуелна фаза?

Михаил: 22 години „Парусион“ си ги наоѓа споро, ама сигурно методите и начинот на изведба. Секој што поминал низ ансамблот донел свој звук и енергија. Благодарен сум им на сите што биле дел од оваа приказна. Во последно време го применувам минималистичкиот пристап и трагам по музиката која јас ја слушам во главата, правејќи композиции и аранжмани кои, сепак, во 7-член ансамбл не е лесно да ги споиш, а да се сите присутни во звукот.
Михаил: 22 години „Парусион“ си ги наоѓа споро, ама сигурно методите и начинот на изведба. Секој што поминал низ ансамблот донел свој звук и енергија. Благодарен сум им на сите што биле дел од оваа приказна. Во последно време го применувам минималистичкиот пристап и трагам по музиката која јас ја слушам во главата, правејќи композиции и аранжмани кои, сепак, во 7-член ансамбл не е лесно да ги споиш, а да се сите присутни во звукот.
Ритамот не е подлога, туку тема
Трн: Ритамот кај вас не е само подлога, туку носител на музичката приказна. Како го градите тој наратив во жив концертен контекст?
Михаил: Тој е тема. Нема подлога затоа што ние ја создаваме мелодијата, хармонијата и целиот веќе готов аранжман. Во оваа музика има место за фри џез, но сепак како мотив да е претходно договорен. Секој поединец има место за своја импровизација или варијација на истата тема, ритамот кој во оваа музика е патос, завеса и продукција.
Колективот како основен инструмент
Трн: Колективниот звук е една од главните одлики на „Парусион“. Како функционира креативниот процес меѓу вас, од проби до сценска изведба?
Михаил: Забавно ни е, знаеме да се научиме ако немаме што друго да си кажеме. Си работиме тимски за да го добиеме звукот и продукцијата, изведбата. Секогаш закажуваме проби како на ФМУ затоа што сме така научени од самите наши почетоци како индивидуи. На сцена немаме време за друго освен да се забавуваме, јер кавгите на проба не се приметуваат на сцена. Далеку се.
Баланс меѓу структура и слобода
Трн: Во составот има различни инструменти и изрази – од дувачки до гудачки и ритам секција. Како ги балансирате импровизацијата и структурата во авторските композиции?
Михаил: Па да, тоа е веќе одамна избалансирано за да има структура и лик тоа дело. Сепак, знаеме што правиме и јас веќе не сум за многу комплицирани пресвирувања. Сепак сме луѓе и свириме за луѓето да уживаат во нашата изведба. Сега new generation group се:Трајче Велков труба,Петар Колевски кларинет и саксофон, Зоран Костадиновски гитара, Јован Цветковиќ пијано Иван Бејков бас, Горан Трајков тарабука и перкусии, Михаил Парушев тапани и тапан.
Зошто „Парусион“ во живо звучи поинаку
Трн: Концертите на „Парусион“ често звучат различно од студиските снимки. Колку простор оставате за спонтаност и моментална инспирација на сцена?
Михаил: Тоа е само до импровизацијата, композициите се тие, веќе одамна напишани. Затоа звучат различно или се сменети солистите, но не се работи за моментална музика. „Парусион“ е музика што се свири однапред договорена. Продукција е во прашање.
Што ќе се свири во МКЦ
Трн: Настапот во МКЦ доаѓа во период кога работите на нов авторски материјал. Дали публиката ќе има можност да слушне нови композиции или нови интерпретации на постоечки теми?
Михаил: Да, тоа се неколку нови и за нас и за публиката. Секогаш ги свириме првите две песни „Таа е“, „Фолки“, пред 22 години. Потоа дел од „Агол“, па и новите „Демолина“ и „The Wood“ – „Дрвена песна“. „Песна за лебедот“, „Странци од Скопје“. „Шегебо“ како инструментална, „Сатурус“ и „Електрична земја“.
„Агол“ како точка на зрелост
Трн: Албумот „Агол“ беше важен чекор во вашата авторска кариера. Како тој проект влијаеше врз актуелниот звук и пристап на „Парусион“?
Михаил: „Агол“ е полнолетство на „Парусион“. Со тој албум се уверив дека музиката може и во живо да се сними и да се добие искуството во студио со музичарите Костадиновски, Мучев, Имери, Усеин, Христов, Михајловски, Исмаили и продуцентот Мите Димовски.
Пред тоа тие композиции беа демо-снимки од студио низ градовите каде што се шеташе таа музика – од Дубровник, Сараево, Задар до Скопје, назад преку Копар, Птуј ,Белград, Марибор, Охрид, Ријека, Порторож, Митровица, пак накај Скопје.
Утредента: другари, снимаме албум. Слетавме зрели. Сите во ансамблот снимаа точно како што барав и очекував. Многу весел период.
Што е важно по сите овие години
Трн: По толку години активна концертна работа, што сè уште ве возбудува кога излегувате на сцена и што сакате публиката да понесе по концертот во МКЦ?
Михаил: Добра храна, енергија и нови палици. Полна сала луѓе што сакаат многу музика, забава и среќа.
Фјужн сцената и реалноста
Трн: Како ја гледате улогата на ваквите авторски фјужн проекти во современата македонска музичка сцена и каде го позиционирате „Парусион“ во тој контекст?
Михаил: Би сакал да знам кои се тие бендови. Јас следам константно што се случува на нашата сцена. Фалат менаџери за тој вид музика. Македонија имала отсекогаш амбиции за добра музика и се надеваме дека сите тие групи ќе си ја најдат својата публика и ќе успеат во светот на слушателите.Се гледаме во МКЦ на 28 јануари.