Една до две минути се сметаат за прекратки, три до седум минути се соодветни, а 15 до 30 минути се сметаат за премногу долги.
Судејќи според резултатите од различни истражувања, сексот е една од работите во кои дефинитивно не вреди мотото „колку подолго, толку подобро“, туку „се што е добро кратко трае“.
Како што известува MindBodyGreen, вагиналниот однос трае околу 5,4 минути пред мажот да ејакулира.
Според истражувањето на сексуалните терапевти, три до 13 минути се сметаат за нормално времетраење на вагиналниот секс. Покрај тоа, на просечна жена и се потребни околу 13 минути за да постигне оргазам за време на сексот со маж, а згора на тоа и се потребни други активности – не само пенетрација.
Паровите кои биле во подолги врски откриле дека нивната предигра трае 11 или 13 минути, а сексот во просек седум.
Не постои одредено време со кое дефинитивно ќе постигнете добар оргазам и на крајот ќе можете да кажете дека сексот бил одличен. Сепак, сексуалните терапевти велат дека постои просек кој се покажал како добар за двете страни, а тоа е 7 до 13 минути за вагинален секс. Една до две минути се сметаат за прекратки, три до седум минути се соодветни, а 15 до 30 минути се сметаат за премногу долги. Сите бројки, се разбира, варираат од личност до личност.
Извор: espreso.co.rs