Кардиолози: Омилената врста сирење може да му наштети на срцето и бубрезите

Многумина уживаат во сирењето како дел од различни јадења, но стручњаците предупредуваат дека, покрај вкусот, треба да се внимава и на неговите последици врз здравјето.

„Она што го внесуваме во организмот има непосредни и долгорочни ефекти. Затоа, добро е да бидеме информирани за храната што ја консумираме,“ вели кардиологот д-р Срихари Наиду за Parade. Долгорочните влијанија најчесто се поврзани со здравјето на срцето и појавата на хипертензија, која се влошува со прекумерниот внес на сол.

Стручњаците истакнуваат дека меѓу сите видови сирења, пармезанот содржи најмногу натриум. „Приближно пет грама рендан пармезан содржат меѓу 80 и 130 милиграми натриум,“ објаснува д-р Наташа Бујан.

Кардиологот д-р Каш Хематпур додава дека вообичаена порција од десет грама може да содржи и до десет проценти од препорачаниот дневен максимум на сол. Тој дополнува: „Прво, навикнати сме на солени грицки. Второ, најчесто не ја мериме солта што ја додаваме во храната. Трето, рестораните и брзата храна содржат значително повеќе сол од домашно приготвената храна бидејќи така станува повкусна и попривлечна.“

„Прекумерниот внес на натриум го оптоварува срцето и бубрезите“

Според нутриционистката Кристина Хартман, дополнителен проблем е тоа што пармезанот кој се продава во специјализирани продавници често нема декларација со нутритивни вредности, што ја отежнува контролата на внесот.

Во споредба со други сирења, пармезанот има значително повисока содржина на сол. Причината, како што појаснува нутриционистката Мишел Ратенштајн, лежи во традиционалниот процес на зреење и саламурање.

Стручњаците предупредуваат дека прекумерната употреба на натриум може негативно да влијае врз срцето, бубрезите и дигестивниот систем. „Високиот внес на сол предизвикува задржување течности, го зголемува волуменот на крвта и создава дополнителен притисок врз срцето и бубрезите,“ објаснува Ратенштајн. Ова, пак, го зголемува ризикот од хипертензија, мозочен удар, срцева слабост и заболувања на бубрезите.

И покрај тоа, натриумот е неопходен за правилно функционирање на организмот. Затоа, експертите препорачуваат умерена консумација, внимателно мериње на порциите и комбинирање на пармезан со намирници богати со калиум, како што се спанаќот и доматите.

За оние кои сакаат да го намалат внесот на сол, поблаги алтернативи се сирења со понизок натриум, како рикота или моцарела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни