Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

Парламентот на Словачка усвои уставен амандман со кој се признава постоењето само на два пола

Парламентот на Словачка денеска на предлог на Владата усвои уставен амандман со кој се ограничуваат правата на истополовите двојки и се отежнува промената на полот, а во регулирањето на тие прашања предност се дава на домашните закони, а не на прописите на Европска Унија.

„За“ предлогот гласаа 90 од 99 присутни пратеници, додека опозицијата не учествуваше во гласањето.

Со амандманот право на посвојување на деца имаат само брачните двојки, со ретки исклучоци.

Со оваа одлука:
– Се гарантира еднаква плата за мажи и жени за ист труд
– Се заштитува семејството и бракот меѓу маж и жена како единствена заедница
– Се забранува сурогат-мајчинството и се гарантира правото на детето да ги знае своите родители
 – Се дефинира полот врз основа на биолошки критериуми
 – Се зајакнуваат родителските права во образовниот процес

Амандманот стапува во сила на 1 ноември.

Словачка со ова испраќа моќна порака за заштита на културното и моралното наследство, ставајќи го во центар семејството, детето и правдата.

Во јануари, по објавување на предлог-текстот на амандманот, словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека има само два пола – машки и женски. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни