Европа крие недопрени бисери: Овој национален парк е прогласен за најубав, а ретко кој слушнал за него

Европа има повеќе од 460 заштитени природни подрачја, но еден во Шпанија го зазеде првото место, и тоа со добра причина.

Можете да научите многу за една земја преку набљудување на нејзините национални паркови. Овие заштитени природни оази ги откриваат пејзажите, климата, флората и фауната, но и ресурсите и локалните производи на една област. Во исто време, тие нудат идеално место за одмор од секојдневниот живот и технологијата, но и враќање кон природата.

Европа се гордее со повеќе од 460 национални паркови, а британската агенција Igloo Cruise анализираше податоци од TripAdvisor за да ги рангира најдобрите од нив.

На самиот врв на листата е Парк Национал Ордеса и Монте Пердидо во Шпанија.

Овој парк во Пиринеите се протега по должината на 156 километри од североисточната граница на Шпанија со Франција. Импозантните врвови, тиркизните планински езера и спектакуларните водопади го прават вистински рај за љубителите на природата. Пешачење, рафтинг, кампување, кањонирање, искачување по карпи, изборот на активности е огромен.

Искусните планинари се особено привлечени од Монте Пердидо, „изгубената планина“, третиот највисок врв на Пиринеите. Последното искачување познато како Ескупидера е леден предизвик дури и во летните месеци. Оние кои се помалку подготвени за екстремни подвизи можат да уживаат во прошетка во долината Ордеса, по патека долга 16 километри што води низ чистини, елови шуми и бројни водопади. Исто така, можно е да се сретнат стада крави кои ги чуваат овчари и внимателно ги водат подалеку од карпите.

На второ место е земја од поранешна Југославија

Втор на листата е Националниот парк Триглав во Словенија, дом на највисокиот врв на Јулиските Алпи, Триглав (2.864 м). На авантуристите им се нуди искачување со средна тежина, додека ентузијастите за велосипедизам можат да ја разгледаат Радовна, блага долина на западниот раб на паркот, погодна за рекреативци од сите нивоа.


Третото место му припадна на Националниот парк Сноудонија (Ерири) во Велс, познат по својата недопрена природа и прекрасниот планински врв Сноудон. Без разлика дали ќе изберете да се искачувате, да шетате покрај езерото или да кампувате меѓу зелените ридови, ќе доживеете автентичен допир со велшката дивина.

Ако оваа листа ве инспирирала да поминете време во природа, можеби е добро време да изберете една од патеките во близина или да погледнете ја листата на 20-те најдобри планинарски тури во светот.

10 најдобри национални паркови во Европа, според патниците:

Национален парк Ордеса и Монте Пердидо, Шпанија
Национален парк Триглав, Словенија
Национален парк Ерири/Сноудонија, Велс
Национален парк Архипелаг Мадалена, Италија
Национален парк Киларни, Ирска
Национален парк Калдера де Табуриенте, Шпанија
Национален парк Каланкес, Франција
Национален парк Њу Форест, Велика Британија
Национален парк Гореме, Турција
Национален парк Гарахонај, Шпанија

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни