Париз ја продолжи сезоната за капење во Сена: Бројот на капачи е близу 100.000

За прв пат по повеќе од еден век, жителите и посетителите на Париз можат да пливаат во Сена на официјално одредени локации. Благодарение на огромниот интерес и речиси 100.000 капачи, сезоната беше продолжена до средината на септември.

По отворањето на сезоната на капење во реката Сена, првпат од 1923 година, градоначалничката на Париз, Ан Идалго потврди дека околу 100.000 луѓе веќе ја искористија можноста да пливаат на три официјални места за капење.

Поради големиот интерес на јавноста, сезоната за капење е продолжена.

Сезоната првично требаше да заврши на крајот на август, но градоначалничката Идалго објави дека местата во близина на Ајфеловата кула и во областа Берси, по барање на граѓаните, ќе останат отворени подолго.

„Речиси 100.000 пливачи уживаа во Сена ова лето, и поради овој извонреден успех, решив да ја продолжам сезоната“, напиша Идалго на социјалната мрежа „Блускај“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни