Париз, Берлин и Лондон подготвени за пропорционални одбранбени акции против Иран

Во саботата САД и Израел извршија напади врз Иран, по што Техеран возврати со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други блискоисточни земји, што дополнително ја продлабочи регионалната криза.

Франција, Германија и Обединето Кралство вчера вечер соопштија дека се подготвени да преземат „пропорционални одбранбени акции“ со цел да ги неутрализираат иранските воени капацитети, пренесуваат француските медиуми.

Лидерите на трите земји, како одговор на нападите што Соединети Американски Држави и Израел ги извршија врз Иран, во заедничко соопштение изразија „запрепастеност од иранските неселективни и несразмерни ракетни напади врз земјите во регионот“.

„Безобѕирните ирански напади се насочени кон нашите блиски сојузници и претставуваат закана за нашиот воен персонал и цивилите низ регионот“, се наведува во соопштението, при што трите држави го повикуваат Иран веднаш да ги запре нападите.

Париз, Берлин и Лондон изразија подготвеност да преземат „неопходни и пропорционални одбранбени мерки“ со цел да ја уништат способноста на Иран за лансирање ракети и дронови.

Во соопштението се додава дека е постигнат договор за координација и соработка со Соединетите Американски Држави и сојузниците во регионот.

Во саботата САД и Израел извршија напади врз Иран, по што Техеран возврати со ракетирање на Израел, Кувајт, Бахреин и други блискоисточни земји, што дополнително ја продлабочи регионалната криза.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни