Париското обвинителство денеска соопшти дека отворило истрага за социјалната мрежа Х, поради сомневања дека алгоритмите на платформата „најверојатно го нарушиле функционирањето на системите за автоматска обработка на податоци“.
Истрагата за работата на социјалната мрежа Х е отворена откако обвинителството на 12 јануари добило извештај од францускиот пратеник Ерик Боторел, кој ги осудил пристрасните алгоритми во работата на социјалната платформа Х, објави порталот Francetvinfo.fr.
Обвинителството соопшти дека алгоритмите „најверојатно ја нарушиле работата на системот за автоматска обработка на податоци“.
– Судии и стручни асистенти од одделот за кибер криминал анализираат и вршат првични технички проверки, се вели во соопштението на обвинителството.