Богатите земји трошат трилиони евра во здравството и добиваат одредена вредност за потрошените пари, покажува нова анализа објавена во The Lancet Global Health journal.
Иако повеќе вложувања во здравство генерално водат до подобри здравствени резултати, по одредено ниво враќањето на инвестицијата се намалува. Колку повеќе трошите, толку повеќе чини секое следно подобрување на здравјето, наведува студијата објавена во списанието The Lancet Global Health.
На пример, во земји што трошат 100 долари (85 евра) по жител, дополнителни 92 долари (79 евра) носат уште една здрава година живот. Но, во земји каде се трошат 5.000 долари (4.272 евра) по лице, уште една здрава година чини 11.213 долари (9.580 евра).
Како се мери неефикасноста?
Истражувачите ја измериле неефикасноста така што ја споредиле вкупната здравствена потрошувачка на една земја (и колку и како троши) со бројот на години што луѓето таму можат да ги поминат во добро здравје.
Студијата опфатила 201 земја и територија во период од 28 години (1995–2022).
Кои се најефикасните и најнеефикасните?
САД трошат најмногу по глава на жител, но имаат слаба ефикасност, што ги чини Американците 6,2 години здрав живот. Кина беше оценета како најефикасна земја, со нулта загуба – што значи дека ги оптимизира своите трошоци за најдобри здравствени резултати.
Повеќето европски земји беа оценети како доста ефикасни, но со неколку исклучоци. Неефикасни се Украина, Литванија, Латвија, а делумно неефикасни: Холандија, Белгија, Белорусија, Финска, Норвешка и Обединетото Кралство
Што придонесува за ефикасно трошење во здравството?
Покрај самите буџети, најуспешните земји имаат:
- добро управување (добро владеење)
- развиена примарна здравствена заштита
- здравствена инфраструктура што е пристапна за населението
- повеќе јавна отколку приватна здравствена потрошувачка
Вреди да се напомене дека квалитетот на здравствената услуга не е директно вклучен во анализата – студијата оценува ефикасност според нивото на трошоци, а не според апсолутен квалитет.
Кои се препораките?
Истражувачите предлагаат: Проширување на јавното здравствено осигурување – за да се намали неефикасноста, јакнење на демократијата и инфраструктурата и зголемен пристап до превентивна грижа
Овие наоди можат да им помогнат на креаторите на политики да ги максимизираат придобивките од здравствените буџети, особено сега кога многу земји се соочуваат со економски ограничувања.