Костумскиот елек се враќа ова лето – не како дел од комплет, туку како независно, доминантно парче во женскиот стајлинг. А на овој тренд не одолеа ниту актерката Сидни Свини, која вчера се појави во него во емисијата „Добро утро, Америка“.
Зошто елекот е новото задолжително ова лето?
-Елекот ја носи силата на сакото, но во многу полежерна и воздушеста форма.
-Доволно е структуриран за да изгледа елегантно, но и доволно опуштено за секојдневните прилики.
-Одлично оди со се
-Носете го на голо тело (како топ), преку бела кошула, преку фустан, преку маица или со широки панталони.
-Се комбинира и со фармерки, бермуди, па дури и со здолништа.
-Силуета која подмладува
-Ја нагласува половината и ја дава структурата на телото без тежина.
-Идеален за „power casual stil“ – зрачи со самодоверба и стил без напор.

Како се носи оваа сезона?
Материјали: лен, памук, вискоза, светла диапаратура.
Бои: Беж, бела, светло сива, пудра розова, но и класиката – црна и тегет.
Стилови: Двоспојните елеци (double-breasted) се особено популарни, како и оние со длабоки V-изрази.
Совети од модни стилисти:
Ако сакате француски шик ефект – облечете елек со лелеаво здолниште и рамни сандали. Ако се стремите кон деловен минимализам, спојте го со заострени панталони и мокасини.