Параглајдинг, кајак, велосипедизам и планини, забава со Дупер и познат италијански ди џеј – When in Krusevo 2025

Најзвучни имиња на концертната бина ќе бидат групата Дупер и светски познатиот ди џеј Доменико Талеса

Програмата за фестивалот на отворено When in Krusevo 2025 е подготвена, а пријавите се зголемуваат од ден во ден, информираат организаторите.

На 9-тото издание не’ очекуваат планинарски и велосипедски тури, кајак, часови по биатлон, посета на музеи и концерти. 

Најзвучни имиња на концертната бина ќе бидат групата Дупер и светски познатиот ди џеј Доменико Талеса. Музичката програма ќе биде збогатена со „Трето Колено”, „Revelation” и ди џеј Бапчу на 8 Август и Естефано и Мемфис Мафија на 9 Август.

When in Krusevo по 9-ти пат ќе се организира од 8 до 10 Август во Крушево, во организација на здружението Аутдор манифест, а покровител на настанот е Националната установа Центар за култура Десет дена Крушевска Република.

Билети за настанот се достапни на следниот линк.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни