Парадокс на климатскиот самит: Нов автопат ја уништува амазонската шума за COP30 во Бразил

Во пресрет на COP30 климатскиот самит, што ќе се одржи во бразилскиот град Белем, започна изградбата на нов автопат со четири ленти кој ќе поминува низ десетици илјади хектари заштитена Амазонска прашума.

Целта е да се подобри сообраќајот за над 50.000 посетители, вклучително и светски лидери. Додека државната влада го претставува проектот како „одржлив“, еколозите и локалните жители се загрижени за неговото влијание врз околината.

Амазон е витален за апсорпција на јаглерод и зачувување на биодиверзитетот, па многумина сметаат дека оваа сеча ја поткопува самата суштина на климатскиот самит.


Загрозени егзистенции и екосистеми

Клаудио Верекете, жител на зафатеното подрачје, ја изгубил можноста за собирање аçaí бобинки, што му беше главен извор на приходи. „Сè беше уништено. Ние веќе немаме од што да се издржуваме“, вели тој.

Дополнително, патот ги раздвојува заштитените подрачја, а научниците предупредуваат на сериозни последици врз екосистемот. Ветеринарката и истражувачка проф. Силвија Сардиња вели дека новиот автопат ќе го ограничи движењето на дивите животни и ќе ја намали поврзаноста на нивните природни живеалишта.

Додека претседателот на Бразил го нарекува COP30 „самит во Амазон, а не за Амазон“, локалните заедници велат дека нивните гласови не се слушаат.

Државната влада го оправдува проектот со тоа што ќе има „еколошки премини за животните“, велосипедски патеки и соларна расвета. Во Белем се градат и нови хотели, пристаништето се проширува, а аеродромот ќе може да прими 14 милиони патници.

Некои трговци од пазарот Ver-o-Peso се надеваат дека развојот ќе донесе економски можности, но климатските активисти предупредуваат дека долгорочната цена за природата ќе биде преголема.

Со приближувањето на COP30, се зголемува и прашањето – дали огромниот отпечаток што го оставаат овие самити ја поткопува нивната сопствена цел?

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни