Парада на планетите – Феномен на ноќното небо утре, а потоа дури во 2040 година

Меркур утре се придружува на планетарното порамнување и ќе биде видлив со голо око.

Порамнувањето на шест планети е веќе спектакуларна глетка, а на 28 февруари 2025 година седум планети во Сончевиот систем ќе се појават на ноќното небо во исто време и во иста линија.

Од јануари на небото со голо око може да се видат Венера, Марс, Јупитер и Сатурн, а со помош на телескоп Уран и Нептун кои од Земјата изгледаат како да се наредени во линија. Меркур ќе им се придружи на овие небесни тела во петок.

Иако не е невообичаено неколку планети да се наоѓаат на иста страна на Сонцето во исто време, многу ретко е вака да се порамнат сите планети – тие велат дека ова ќе се случи сега, а за следното порамнување ќе треба да чекаме до 2040 година. Но, како всушност ќе изгледа „парадата на планетите“?

Повеќето планети веќе треба да бидат видливи со голо око веднаш по зајдисонце – Меркур, Венера, Јупитер и Марс; Сатурн е потешко да се види бидејќи е ниско на хоризонтот, додека Уран и Нептун можат да се видат само со телескоп, пишува Science Alert.

Утре сите седум ќе се „порамнат“ во лак преку небото и тоа ќе биде, за оние кои знаат што и каде гледаат, вистинско уживање за очите, познато како голем планетарен сојуз.

Сепак, планетарните сојузи не се уредните линии што често ги гледаме на дијаграмите и илустрациите на Сончевиот систем. За жал, ова не е нешто што всушност се случува во вселената. Планетите навистина се порамнуваат по замислената линија, но празнините меѓу нив сè уште остануваат огромни.

„На ноќното небо ќе можеме да ги видиме сите пет планети јасно видливи со голо око, додека Уран и Нептун ќе бидат видливи со двоглед или телескоп. Набргу по зајдисонце, Меркур и Сатурн ќе бидат ниско на запад, додека над нив и малку на југ ќе биде Венера. Високо на југ во соѕвездието Бик ќе биде Јупитер, а на исток во соѕвездието Близнаци ќе биде Марс. Планетата Уран е очигледно блиску до Плејадите, додека планетата Нептун може да се најде со двоглед или телескоп меѓу Венера и Меркур“, објавија астрономите од Загребската опсерваторија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни