Организаторите ги повикуваат сите да се приклучат на оваа важна прошетка, симбол на упорноста и видливоста, каде што ќе се прослави постоењето на ЛГБТИ+ заедницата и нивниот придонес во општеството – љубов, интелект, емпатија, хуманост и бои!
Стартната точка е Плоштадот Скендербег во центарот на Приштина, од каде што учесниците ќе маршираат гордо, гласно и достоинствено.
Веднаш по завршувањето на парадата, следува традиционалниот Концерт на гордоста, кој ќе се одржи кај Националната библиотека. Настанот претставува кулминација на прославата и ќе обедини музика, уметност и активизам.
„Нашето одење не запира – ниту во тишина, ниту во блесокот на гласовите. Ниеден чекор назад!“ – порачуваат од Prishtina Pride.