Папата за првпат се сретна со жртви на злоупотреби од страна на католичкото свештенство

Папата Лав XIV денес за првпат се сретна со жртви на сексуална злоупотреба извршена од католички свештеници.
EPA-EFE/VATICAN MEDIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Само неколку дена претходно, ватиканската комисија за заштита на децата ги обвини високите црковни функционери дека се премногу бавни во обезбедувањето поддршка за жртвите.

Папата имал средба со организацијата „Ending Clergy Abuse“, меѓународна коалиција на преживеани жртви, соопшти групата. На состанокот, кој траел околу еден час, присуствувале четири жртви и двајца активисти, пренесува Ројтерс.

Една од учесничките изјавила дека средбата се одржала во Ватикан и дека Папата внимателно ги слушал и се фотографирал со нив.

Католичката црква, која има околу 1,4 милијарди верници, со децении е потресувана од скандали поврзани со злоупотреби и прикривање на случаи, што сериозно го наруши нејзиниот углед. Во изминатите години исплатени се стотици милиони долари во судски нагодби со жртвите.

Во невообичаено остар извештај објавен во четвртокот, ватиканската комисија за заштита на децата ги критикуваше високите бискупи затоа што не им обезбедиле на жртвите информации за тоа како се постапува со нивните пријави за злоупотреба, ниту пак дали неодговорните бискупи биле санкционирани.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни