Папата разговараше со палестинскиот претседател

Папата Лав Четиринаесетти денеска телефонски разговарал со палестинскиот претседател Махмуд Абас, соопшти Ватикан.

Според соопштението објавено од прес-службата на Светата Столица, папата примил повик од претседателот Абас при што разговарале за најновите случувања во конфликтот во Појасот Газа и насилството на Западниот Брег.

– За време на телефонскиот разговор, Светиот Отец го повтори својот апел за целосно почитување на меѓународното хуманитарно право, нагласувајќи особено јасно дека е задолжително да се заштитат цивилите и светите места, оти е забранета неселективна употреба на сила и присилното преместување на населението, се наведува во соопштението.

– Со оглед на трагичната хуманитарна ситуација, беше ставен акцент на итната потреба да се обезбеди помош за најранливите од последиците на конфликтот и да се овозможи соодветен влез на хуманитарна помош, се вели во текстот.

На крајот, „папата потсети на десетта годишнина од Сеопфатниот договор меѓу Светата Столица и Државата Палестина, потпишан на 26 јуни 2015 година, а кој стапи во сила на 2 јануари 2016 година“ информира Ватикан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни