Папата Лав XIV со порака до свештенците – Не дозволувајте ChatGPT да пишува проповеди!

Папата Лав XIV ги повика свештениците да не користат вештачка интелигенција при подготовка на проповеди, истакнувајќи дека верата и духовната работа не можат да се делегираат на алгоритми.

Папата Лав XIV ги предупреди свештениците на Римската епархија да не ги подготвуваат проповедите со помош на вештачка интелигенција, како ChatGPT, истакнувајќи дека интелектуалната и духовната работа треба да останат човечки активности.

На затворен состанок со свештенството, папата посочи:

„Како и сите мускули во телото, ако не ги користиме, ако не ги движиме, тие умираат. Мозокот треба да се користи, па затоа и нашите умови имаат потреба од малку тренинг за да не ја изгубат оваа способност.“

Тој додаде дека вистинската проповед значи споделување на верата и дека вештачката интелигенција „никогаш нема да може да ја споделува верата“.

Папата, исто така, го предупреди свештенството за ризикот од заменување на пастирската работа со активност на социјалните медиуми. Тој истакна дека вистинската духовност се гради преку живеење „живот вкоренет во Господ“, а не преку следбеници и лајкови на TikTok и други платформи.

Овие изјави доаѓаат по воведувањето на нов систем за превод во реално време на литургиските служби во Ватикан на речиси 60 јазици, кој ја олеснува интернационалната комуникација, но според Папата, не може да ја замени вистинската духовна интеракција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни