Папата Лав XIV го завршува своето прво патување во странство со молитва на која се очекуваат 100.000 луѓе во Либан

Папата Лав XIV денеска ја заокружува тридневната посета на Либан, што воедно е и негово прво патување во странство по изборот за поглавар на Римокатоличката црква.
epa12281141 Pope Leo XIV waves to the faithful during a Holy Mass on the occasion of the Jubilee of Youth, at Tor Vergata in Rome, Italy, 03 August 2025. EPA/ANGELO CARCONI

За време на посетата, тој постојано упатуваше пораки за мир на Блискиот Исток и предупредуваше дека иднината на човештвото е сериозно загрозена од тековните крвави конфликти ширум светот.

Според Ројтерс, папата ќе одржи молитва на местото на разорната хемиска експлозија во пристаништето во Бејрут од 2020 година, а потоа ќе предводи католичка миса на градското крајбрежје. На богослужбата се очекува присуство од околу 100.000 верници. По завршувањето, папската делегација ќе се упати кон Рим во раните попладневни часови.

Во својата мировна мисија, Лав XIV ги повика либанските политички лидери да останат посветени на напорите за стабилизација по минатогодишната разорна војна меѓу Израел и либанскиот Хезболах, поддржан од Иран, како и во услови на продолжени израелски воздушни удари.

Од медиумите одблизу беше следен секој негов јавен настап, бидејќи новиот папа, избран во мај оваа година, сè уште ја гради својата глобална видливост и првпат се обраќа пред поширока меѓународна публика надвор од претежно католичката Италија.

Во понеделникот, Папата се сретна со поглавари на различни верски заедници во Либан, повикувајќи на единство за заздравување на земјата која со години се соочува со конфликти, политичка блокада и тешка економска криза што предизвика нови миграциски бранови.

Извор: N1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни