Папата Лав XIV до младите: Не дозволувајте вештачката интелигенција да ви ги пишува домашните задачи

Папата се обрати на конференцијата на католичката младина во американскиот град Индијанаполис преку видео врска од Ватикан и им рече дека ВИ „станува една од главните карактеристики на нашето време“.

Вештачката интелигенција (ВИ) може да биде корисна алатка за учење, но не ја користете за да ја прави домашната задача наместо вас, им порача денес папата Лав XIV на младите

Папата се обрати на конференцијата на католичката младина во американскиот град Индијанаполис преку видео врска од Ватикан и им рече дека ВИ „станува една од главните карактеристики на нашето време“.

„Одговорното користење на ВИ значи нејзино користење на начини што ви помагаат да растете“, рече папата.

„Не ја молете да ви ја прави домашната задача наместо вас“, додаде тој.

Откако стана поглавар на Католичката црква, првиот американски папа, Лав XIV во 40 минутното обраќање пред младите одговараше и на прашања за католичката вера, но даваше и совети за тоа како да се стекнат со пријатели во училиштето.

„Црквата не припаѓа на ниедна политичка партија“

Папата, кој сè повеќе ги критикува антиимиграциските мерки на американскиот претседател Доналд Трамп, накратко зборуваше и за политиката.

Тој рече дека Исус сака христијаните да бидат „луѓе кои градат мостови, а не ѕидови“, што беше и една од најострите критики што неговиот претходник, папата Франциск, му ги упати на Трамп.

„Ве молам да бидете внимателни и да не користите политички категории за да зборувате за религијата, за да зборувате за Црквата“, им рече Лав XIV на младите луѓе.

„Црквата не припаѓа на ниедна политичка партија“, додаде тој. „Таа ви помага да ја обликувате вашата совест за да можете да размислувате и да дејствувате со мудрост и љубов“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни