Папата Франциско: Црквата е отворена за сите, вклучително и ЛГБТИ+ луѓето

Фото: Gregorio Borgia/AP

Папата Франциско пред насобраните верници во Лисабон, Португалија кажа дека Католичката црква е отворена за „сите, сите, сите“, повторувајќи дека црквата треба да ги прими сите – болните, старите, младите, убавите, грдите, добрите и лошите.

Одоговарајќи на прашања од новинарите пред летот за Рим по петдневната посета на Португалија на почетокот на месецов, Папате беше запрашан како може да ја усогласи својата порака за прифаќање на сите со фактот дека ЛГБТИ+ луѓето се исклучени од верските обреди. Папата на тоа одговори дека Црквата има свои закони, но дека за сите луѓе има место во неа.

Пиа Хелд, која отпатува од Германија, беше меѓу оние кои се бореа за подобар третман на ЛГБТИ+ луѓето во црквата, носејќи знаме со виножито на масовната вечерна молитва што се одржа во Лисабонскиот Парке Тејо.

„Некои луѓе доаѓаат кај мене и ме прегрнуваат и ми велат благодарам што го претставуваш ова“, рече таа, опишувајќи ги реакциите на другите верници на знамето. „Понекогаш пак има луѓе кои ми велат дека ќе се молат за мене, затоа што тоа е грев, или прават лица, прекрстувајќи ги нивните срца затоа што мислат дека тоа е зло“.

Хелд опиша инцидент за време на кој друг верник го зграпчил нејзиното знаме и го искинал на парчиња, што многу ја повредило.

„Нападот не беше кон мене, туку кон оваа група луѓе“, рече таа, објаснувајќи дека и самата не е геј. „Се чувствувам како да морам да се вмешам и нивната борба да ја направам и моја. Мојата вера ми вели дека секој е сакан, секој е добредојден“.

Хелд вели дека пораката „сите“ на Папата навистина одекнала кај неа.

Таа се чувствуваше тој диркетно да ѝ се обраќал нејзе. „Се чувствував толку осамено, а потоа кога рече дека црквата е за сите, се чувствував како да бев во право. Тоа што го правев и што го правам е тоа што треба да го прават сите христијани“, рече таа.

Фото: Armando Franca/AP

На првиот ден во Португалија, папата се сретна и со 13 жртви кои како деца биле сексуално злоупотребувани од членови на Католичката црква.

„Да се зборува со злоупотребени луѓе е многу тешко искуство“, рече папата додека размислуваше за средбата. „Но, тоа исто така ми прави добро, не затоа што сакам да слушам, туку затоа што ми помага да го преземам нивниот товар“.

Тој додаде дека Црквата треба „да го фати бикот за рогови“ кога станува збор за сексуална злоупотреба на деца.

Понтифот, исто така, ги отфрли шпекулациите дека видот му слабее, откако постојано ги напушташе долгите подготвени забелешки за пократки, подиректни говори. Папата им рече на новинарите дека само се обидува да се поврзе со младите луѓе, кои имаат пократок опсег на внимание. Тој се пошегува дека проповедта понекогаш може да биде слична на „мачење“.

Фото: CNS photo/Lola Gomez

Ова беше прво патување на 86-годишниот Папа откако имаше операција на абдоменот во јуни.

Иако Папата се сретна со 15 млади Украинци во четвртокот, тој се соочи со критики поради тоа што не зазеде поцврст став во поддршка на Украина.

Една група млади Украинци кои разговараа со ABC News пред мисата во неделата, изјавија дека се разочарани и дека се надеваат дека ќе видат повеќе од папата — и конкретно понтифот да ја осуди Русија по име.

„Размислувајќи за овој континент, чувствувам голема тага за саканата Украина, која продолжува многу да страда“, рече папата, зборувајќи пред толпата на својот мајчин шпански јазик пред пладневната молитва и благослов.

Тој додаде: „Пријатели, дозволете ми и мене, сега веќе старец, да споделам со вас младите сон што го носам во себе: тоа е сон за мир, сон на младите луѓе кои се молат за мир, живеат во мир и градат мирна иднина“.

Локалните власти велат дека над 1,5 милиони луѓе присуствувале на завршната миса по повод Светскиот ден на младите, со која претседаваше Францис во неделата.

Извор: ABC News

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни