Папата Франциск во 2019 година ја посети Македонија

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск, кој почина на 88-годишна возраст, во мај 2019 година ја посети Северна Македонија. 

Посетата беше дел од неговата тридневна турнеја во Северна Македонија и Бугарија и тоа претставуваше прва посета на еден поглавар на Римокатоличката црква на државава.

На скопскиот аеродром, папата беше пречекан од тогашниот претседател на државата Ѓорге Иванов и од тогашниот премиер Зоран Заев, а со највисоки државни почести беше пречекан и во претседателската вила на Водно.

На плоштадот „Македонија“ во Скопје се одржа централната прослава на која присуствуваа околу 15 илјади луѓе и 300 новинарски екипи, папата Франциск служеше понтификална Света Литургија.

Папата ја посети и Спомен куќата на Мајка Тереза, која во 2016 година од страна на Ватикан беше прогласена за светица. 

Посетата на папата Франциск се одвиваше под силни безбедносни мерки и со посебен сообраќаен режим.

Посетата на поглавот на Римокатоличката црква се поклопи со одбележувањето на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи а Северна Македонија со Ватикан.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни