Папата Франциск повторно е на механичка вентилација

Кризата беше нов неуспех во борбата на Папата да се опорави од комплицираната респираторна инфекција, која трае повеќе од две недели.

Папата Франциско останува „внимателен, ориентиран и соработуваше со медицинскиот персонал“ откако вчера претрпе две нови акутни респираторни кризи, соопшти Ватикан во своето последно соопштение.

Католичкиот понтиф беше вратен на неинвазивна механичка вентилациска поддршка, што се сметаше за уште еден неуспех во неговата борба против пневмонијата, се вели во соопштението на Ватикан.

Лекарите од поликлиниката „Агостино Гемели“ во Рим, каде што се лекува 88-годишниот Франциско, рекоа дека му извадиле „обилни“ секрети на слуз од неговите бели дробови. Според медицинските експерти, лекарите често користат неинвазивна вентилација за да ја спречат интубацијата или употребата на инвазивна механичка вентилација.

Со оглед на тоа што неговите лабораториски тестови не открија нова бактерија, Ватикан рече дека слузта е одговор на неговото тело на почетната болест на пневмонија. Иако лекарите укажаа дека кризите се завршени, тие не прецизираа дали здравствената состојба на Папата сé уште е стабилна.

Инаку, Папата Франциско, кој користи инвалидска количка, има хронично белодробно заболување и му бил отстранет дел од едното белодробно крило кога бил млад.

За да ја подобри функцијата на белите дробови, Папата прима респираторна физиотерапија. Но според лекарите што го лекувале, натрупувањето на секрет во неговите бели дробови, сепак, покажа дека му недостасува мускулна сила да искашла доволно течност.

Во меѓувреме, откако беше примен во болница на 14 февруари поради белодробна болест, ниту една слика или видео од него не беа објавени во јавноста од Ватикан.

Хоспитализацијата на Франциско е најдолгото отсуство досега во неговото 12-годишно папство.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни