Папата Франциск остави скромна последна желба

Папата Франциск почина денес на 89-годишна возраст, потврди Ватикан. Почина еден месец по излегувањето од болница, каде што пет недели се лекуваше од инфекција која премина во обострана воспаление на белите дробови.

Според Ватикан, Папата Франциск починал од мозочен удар и срцева слабост. Церебралниот удар довел до кома и неповратно откажување на срцето.

По неговата смрт, во Ватикан започна период на седисваканција – специфичен режим што означува време без поглавар на Римокатоличката црква.

Во својата последна волја, Папата Франциск потврдил дека сака да биде погребан во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим, наместо во базиликата „Свети Петар“ во Ватикан, каде што почиваат многу од неговите претходници.

Во тестаментот кој го објави Ватикан, Франциск јасно ја изразил желбата неговиот гроб да биде скромен – „во земја, без посебни украси“, а над него да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински: Franciscus.

Светот веќе испраќа бројни реакции и сочувства по повод смртта на Папата Франциск.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни