Папата Франциск на механичка вентилација поради акутна респираторна инсуфициенција

Папата Франциск, кој е хоспитализиран поради пневмонија, во текот на денот имаше две епизоди на акутна респираторна инсуфициенција, поради што беше потребна употреба на неинвазивна механичка вентилација, соопшти Ватикан.

Ватикан претходно објави дека папата бил симнат од респиратор и е во стабилна состојба откако помина две недели во болница.

Папата Франциск не е виден во јавноста откако на 14 февруари беше примен во римската болница „Агостино Џемели“, со тешки респираторни проблеми кои брзо прераснаа во пневмонија на двете белодробни крила, што му го отежна дишењето. Ова е негово најдолго отсуство од почетокот на мандатот во март 2013 година. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни