Папата Франциск го доби првиот целосно електричен „Popemobile“

Фото: X/@MLJHaynes

Ватикан го претстави новиот „Popemobile“ на папата Франциск, којшто ќе се користи за возење низ плоштадот Свети Петар, за да ја поздрави толпата за време на Генералната аудиенција, но и при други официјални церемонии.

Фото: X/@MLJHaynes

Возилото ќе има нула емисии на јаглерод, усогласувајќи го со ставот на Папата за заштита на климата.

Од компанијата којашто го изработи електричниот автомобил велат дека биле потребни „стотици часови страст и изработка“ за да се изгради уникатниот „Popemobile“ (Папа-мобил). Возилото има подигнато и ротирачко загреано столче за папата, како и задни платформи за неговото обезбедување. Бојата на автомобилот е традиционалната папска бела. Украсен е и со симболот на папата.

Засега не се знае точно од кога ќе се употребува, но се очекува папата Франциск да го користи електричниот автомобил кога ќе вози низ плоштадот Свети Петар за време на јубилејот во 2025-та година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни