Папата ја потврди подготвеноста Ватикан да биде домаќин на мировни преговори за Украина

Поглаварот на Римокатоличката црква, папа Лав XIV, во телефонски разговор со италијанската премиерка Џорџа Мелони, ја потврдил подготвеноста Ватикан да биде домаќин на преговори за мир меѓу Русија и Украина.
Autosave-File vom d-lab2/3 der AgfaPhoto GmbH

Како што соопшти кабинетот на премиерката Мелони, разговорот со Папата следел по нејзините консултации со американскиот претседател Доналд Трамп и неколку европски лидери, од кои била замолена да ја пренесе подготвеноста на Светата столица да овозможи терен за дијалог меѓу завојуваните страни.

Премиерката Мелони истакна дека по разговорот меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, таа остварила дополнителни разговори со претседателот на Украина Володимир Зеленски, францускиот претседател Емануел Макрон, финскиот претседател Александер Стуб, германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Сите ја поддржале иницијативата Ватикан да биде домаќин на нова рунда мировни преговори со цел прекин на огнот и постигнување мировен договор.

„Откако Папата ја изрази својата подготвеност, му се заблагодарив за неговата постојана посветеност на мирот,“ изјави Мелони.

Папата Лав XIV, во неделната беседа, повторно ја понуди Светата столица како место за помирување на завојуваните страни ширум светот.

„Светата столица е отворена – за непријателите да се сретнат и да си погледнат во очи. За луѓето повторно да ја откријат надежта и достоинството што им припаѓа – достоинството на мирот,“ изјави Папата.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни