Папа Лав XIV повика на меѓународна дипломатија за запирање на конфликтот на Блискиот Исток

Тој посочи дека со ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток постои опасност да се занемари секојдневната мака на Палестинците во Појасот Газа, каде се сè повеќе неопходна ефикасна хуманитарна помош.

Папа Лав XIV повика на ангажирање на меѓународната дипломатија со цел да се запре конфликтот на Блискиот Исток, предупредувајќи дека во спротивно постои ризик од непоправлива катастрофа.

За време на неделната молитва, папата истакна дека дипломатијата мора да ја замени војната, пренесе Ројтерс.

„Ниту една воена победа не може да ги надомести болката на мајките, стравот на децата и украдената иднина. Нека дипломатијата ја замолчи стрелата, нека народите ја градат својата иднина преку мирни напори, а не преку насилство и крвави судири“, порача папата.

Тој посочи дека со ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток постои опасност да се занемари секојдневната мака на Палестинците во Појасот Газа, каде се сè повеќе неопходна ефикасна хуманитарна помош.

Американските сили преку ноќ извршија напади врз три главни ирански нуклеарни постројки, приклучувајќи им се на израелските напади во голема нова ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни