Обраќајќи се пред католички здруженија собрани со транспарент „Мир за Газа“, Папата ги пофали „иницијативите низ Црквата кои ја изразуваат солидарноста со браќата и сестрите што страдаат во оваа маченичка земја“.
„Народите имаат потреба од мир“
„Повторувам: нема иднина изградена врз насилство, присилно прогонство или одмазда“, истакна Лав XIV, јасно изјаснувајќи се против присилното раселување на цивилите во Газа. „Народите имаат потреба од мир“, додаде тој, проследен со аплауз од верниците.
Израел ја засили воената офанзива во главниот град на палестинската енклава. Во вторник започна голема акција во градот Газа, со цел уништување на палестинското исламистичко движење Хамас, чиј напад врз Израел на 7 октомври 2023 ја поттикна војната во Појасот Газа.
Оваа смртоносна офанзива, осудена од меѓународната заедница, предизвика бегство на стотици илјади жители кон југот на територијата, кој е веќе речиси целосно разурнат од речиси двегодишната војна.
Извор: Index.hr