На миса одржана на Плоштадот Свети Петар во Ватикан, пред илјадници аџии, папата рече дека мигрантите не смеат да бидат третирани со “ладна рамнодушност или со стигма на дискриминација”.
„Католиците треба да ги отворат своите раце и срца, да ги пречекаат мигрантите како браќа и сестри, да бидат нивно присуство на утеха и надеж“, порача Папата.
Во обраќањето, папата зборуваше за потребата од нова мисионерска енергија во Црквата, опишувајќи го овој момент како „ново мисионерско доба“ во кое христијаните се повикани на гостопримство, сочувство и солидарност, особено кон оние што бегаат од насилство или бараат безбедно засолниште.
„Во заедниците со стара христијанска традиција, како оние на Западот, присуството на многу браќа и сестри од јужниот дел на светот треба да се гледа како можност — можност за размена што ќе го обнови лицето на Црквата“, истакна тој.
Папа Лав, кој беше избран во мај како наследник на покојниот Папа Франциск, води поумерен и резервиран стил, но сепак испраќа јасни пораки за клучни општествени прашања. За разлика од Франциск, кој често зборуваше импровизирано и директно, Лав денес се обрати со внимателно подготвен текст.
Настанот се одржа во рамките на тековната света година на Католичката црква, посветена на мигрантите, и според Ватикан, присуствуваа над 10.000 верници од околу 95 земји.
Извор: Index.hr