Папа Франциско ги укинал бонусите за конклавата, Папа Лав XIV ги врати

Од повторното воведување на бонусот ќе имаат корист повеќе од 4000 вработени во Светиот Престол и Ватиканската држава


Папа Лав XIV ја оживеа поранешната ватиканска традиција со тоа што им додели бонус од 500 евра на вработените во Ватикан по повод изборот на новиот папа, јавуваат италијанските медиуми.

Т.н. бонус за конклава беше укинат во 2013 година за време на покојниот папа Франциско, но наводно повторно е воведен во петокот, пред првата официјална аудиенција на Папа Лав XIV со Римската курија – административното тело на Светиот Престол – и вработените.

Бонусот е замислен како благодарност за нивната работа за време на транзицискиот период помеѓу смртта на Франциско на 21 април и изборот на Папа Лав XIV како нов поглавар на Католичката црква на 8 мај, објави италијанската новинска агенција ANSA.

Од повторното воведување на бонусот ќе имаат корист повеќе од 4000 вработени во Светиот Престол и Ватиканската држава. Во текот на понтификатот на Франциско, Ватикан мораше да спроведе сериозни мерки за штедење поради постојан буџетски дефицит, вклучително и намалување на платите за кардиналите.

Сепак, работата во Ватикан останува привлечна – особено поради тоа што вработените не плаќаат данок на приход.

Извор Hina

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни