Панукла сесии #01: Sir Richard Bishop & Делиниколов/Лукаш дуо во Котур Скопје

Концертот е организиран од страна на Аксиома и Котур, во склоп на периодични концертни настани за љубители на разиграни музички стилови: Панукла сесии!

Во вторник, на 7-ми април, во 21:00 часот, во Котур, ќе се одржи концертот на Sir Richard Bishop & Делиниколов/Лукаш дуо.

Концертот е организиран од страна на Аксиома и Котур, во склоп на периодични концертни настани за љубители на разиграни музички стилови – Панукла сесии! Првото издание ќе започне со ексклузивен гостин од САД – Сер Ричард Бишоп и македонско-дијаспорско дуо: Костадин Делиниколов и Владимир Лукаш.

Панукла сесиите се замислени како периодични настани, на кои ќе се претставуваат формални и неформални состави, кои љубат да практикуваат музика во која немирниот дух, игровноста, презирот кон институционализираните музички калапи, музиката со отворени краеви и слободната импровизација ќе бидат земани како главни водилки при нивните настапи.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни