Паника во Загреб: Повеќе училишта добија дојави за поставени експлозивни направи

Неколку училишта во Загреб утрово добија дојави за поставени бомби, по што хрватската полиција веднаш излезе на терен. Според информациите на Index.hr, полициските пиротехничари вршат темелни проверки, а сите ученици се безбедни и евакуирани од училиштата.

Дојавата за бомба прва пристигнала во Машинско-техничкото училиште „Фауст Вранчиќ“, а поради безбедносните мерки, наставата во претпладневната смена е откажана и во ова училиште, како и во соседното Електротехничко училиште.

Полицијата продолжува со проверките, а повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни