Паника во Украина: Детонација на дрон во близина на нуклеарна централа – IAEA предупредува на сериозна закана

Експлозија од дрон на 800 метри од украинска нуклеарка предизвика загриженост кај IAEA.

Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) изрази сериозна загриженост поради сѐ почестите инциденти со дронови во близина на украинските нуклеарни централи, откако еден дрон бил оборан и детониран на само 800 метри од централата во Пивденноукраинск, во регионот Миколаив.

Според извештајот на генералниот директор на IAEA, Рафаел Гроси, набљудувачите на теренот забележале 22 дрона во набљудуваната зона – од кои некои летале на само 500 метри од самиот објект.

„Околу еден час по полноќ се слушаа пукотници и експлозии, а по увидот откривме кратер од околу 4 квадратни метри. Шрапнели погодија метални конструкции, а прозорци од возила во близина беа скршени“, изјави Гроси.

Исто така било забележано оштетување на далекувод, но тој не бил поврзан со електраната.

„За среќа, нема директна штета на нуклеарната централа. Но следниот пат можеби нема да бидеме толку среќни“, предупреди Гроси, додавајќи дека дроновите летаат опасно блиску и ја загрозуваат нуклеарната безбедност.

Во инцидентот нема жртви, известува Guardian.

Русија ги засилува обвиненијата кон Западот

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини НАТО и Европската Унија дека „објавиле војна на Русија преку Украина“. Тој својата изјава ја даде на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 на 25 септември.

„НАТО и ЕУ ја поминаа границата на индиректна поддршка – тие станаа директна страна во конфликтот“, рече Лавров.

Неговите зборови се во линија со претходни изјави од портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, кој на 15 септември обвини дека НАТО „е во војна против Русија“ поради континуираната воена помош за Киев.

Нарушувања на воздушниот простор и зголемени тензии

Напнатоста дополнително се зголемува поради повторени повреди на воздушниот простор на НАТО-членки од страна на руски дронови и борбени авиони.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги поддржа акциите за уривање на таквите дронови, што го делат и некои европски лидери.

Како реакција, рускиот амбасадор во Франција Алексеј Мешков изјави на 25 септември дека такви постапки би значеле „војна против Русија“.

Овој инцидент дополнително ја зголемува загриженоста за нуклеарна безбедност во Украина и го ескалира геополитичкиот конфликт меѓу Русија и Западот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни