Паника во Берлин: 20.000 луѓе во евакуација поради бомби од Втората светска војна

Поради пронајдени бомби од Втората светска војна, германската полиција нареди итна евакуација на 20.000 луѓе во центарот на Берлин. Владините згради и амбасади затворени.

Во Берлин е прогласена масовна евакуација откако се пронајдени две бомби од Втората светска војна, соопштија германските власти. Полицијата објави дека во центарот на Берлин, во близина на областа Фишеринзел (Fischerinsel), е откриена воздушна бомба, според првите проценки на криминалистичко-техничкиот институт.

Од безбедносни причини е воспоставен заштитен појас со радиус од 500 метри околу местото на пронајдокот. Во тек се подготовки за евакуација на жителите и вработените од околните објекти.

Затворање на владини институции и амбасади

Во четвртокот беа затворени владини згради и неколку амбасади, додека 7500 луѓе беа евакуирани од населбата Фишеринзел, која се наоѓа на реката Шпре.

Полицијата оди од врата до врата, предупредувајќи ги жителите и помагајќи при евакуацијата. Властите информираат дека и втора бомба, исто така од Втората светска војна, е пронајдена во близина.

Безбедносните служби во состојба на готовност

Полицијата и специјалните тимови за деминирање се во состојба на висока подготвеност. Засега нема информации за повредени или директна опасност од експлозија, но се преземаат максимални мерки за претпазливост.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни