САД го удвостручиле увозот на бразилски јајца, кои претходно се користеле исклучиво за храна за домашни миленици. Исто така, се разгледува можноста за ублажување на прописите за јајца од кокошки одгледувани за месо, додека администрацијата на претседателот Доналд Трамп се обидува да ги намали енормно високите цени предизвикани од птичиот грип.
Иако бразилските јајца нема да се најдат на полици во продавниците, тие би можеле да се користат во преработени прехрамбени производи како мешавини за колачи, сладолед или преливи за салата, што ќе овозможи повеќе свежи јајца да бидат ослободени за потрошувачите. Сепак, дозволата за користење на овие јајца ќе бара измени во регулативите, што според некои стручњаци за безбедност на храна, може да го зголеми
Северна Америка беше погодена од бран на поскапување на јајцата поради појавата на птичи грип. Цените се зголемија за повеќе од 150 отсто. Во меѓувреме, постои идеја Европа да ги извезе своите вишоци во САД.
Во САД, јајцата се дел од појадокот. Најчесто се пржат, понекогаш се варат. Кајгана или на око, не е важно – важно е да има јајца. Затоа не треба да чуди што поскапувањето на јајца има одредена експлозивна социјална димензија во најголемата светска економија.
Американците во последните две недели платиле повеќе од десет долари (9,22 евра) за десет јајца, бидејќи појавата на птичи грип довела до недостиг и зголемување на цените. Поради поскапувањето од 159 отсто за една година, некои продавници започнале да ги ограничуваат количините на јајца кои можат да се купат.
Американската влада во последните неколку недели побара помош од неколку европски земји, и покрај порастот на трговските тензија помеѓу администрацијата на Трамп и Европската унија поради казнени тарифи. Освен тоа, Вашингтон повеќе пати воведувал ограничувања за увоз на јајца од Европа поради стравот од можноста за ширење на птичи грип.
Според медиумските извештаи, Американците воспоставиле контакт со здруженијата на земјоделци во Данска, Шведска, Холандија, Германија, Шпанија, Франција и Италија, со цел да се разгледа можноста за извоз на произведените вишоци во САД.
Европа исто така имала проблеми со птичиот грип во последните три години, што довело до намалување на понудата на јајца низ целиот континент. Најмногу епидемијата ја погоди Полска, Унгарија и Франција. А во јануари оваа година, Португалија исто така пријавила појава на птичи грип на една фарма во близина на Лисабон. Во Велика Британија оваа година се воведени строги мерки за сузбивање на заразата, откако еден случај со сомневање на птичи грип бил пријавен во округот Тирон во Северна Ирска.
Заради сето ова, во најголемиот број европски земји е ограничен капацитетот за извоз на свежи јајца. Претседателот на Здружението на германски производители на јајца, Ханс-Петер Голдник, вели дека Германија сепак извезла одредена количина на јајца преку слободна берза, но дека обемот на тој извоз е мал.
Голдник изјави на 19 март за северногерманскиот јавен сервис НДР дека за Велигден е обезбедена доволна количина на јајца, но повика Германците да не прават залихи и да продолжат да ги потрошуваат јајцата како што прават обично. Тој објасни дека во Германија нема недостиг, но и дека нема прекумерна понуда. Според официјалните статистики, во 2023 година е увезена четвртина од јајцата кои биле на продажба.
Минатиот месец агенцијата Ројтерс извести дека Турција планира да го зголеми извозот на јајца во САД. Во билатерален договор со Вашингтон, Анкара се обврза да извезе дополнителни 15.000 тони јајца. Претседателот на турското здружение на производители, Ибрахим Афјон, најави дека Турција ќе испорача 240 милиони јајца во САД до јули. Тоа е приближно шесткратна количина од вкупниот турски извоз на јајца во САД минатата година. Дополнителниот извоз ќе донесе приходи од 26 милиони долари.