Паника на летот Крф – Дизелдорф: Авион со 273 патници принудно слета во Италија поради пожар во мотор

Драма се случила на лет од грчкиот остров Крф кон Дизелдорф, откако мотор на авион со 273 патници се запалил веднаш по полетувањето.

Воздушна драма се одвивала над Крф, кога авион полн со 273 патници доживеал дефект веднаш по полетувањето кон Дизелдорф. Еден од моторите се запалил, а сведоци од плажите велат дека се слушнал силен звук налик на експлозија.

Пилотите реагирале навреме – го исклучиле дотокот на гориво и спречиле поголема трагедија. Наместо да се вратат на Крф, донеле одлука авионот да продолжи кон Италија и таму безбедно слетале со работа само на еден мотор.

Според информациите, најголем дел од патниците биле германски туристи, а среќна околност е што нема повредени.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни