Управата на Меѓународниот аеродром Гвадалахара (GDL) соопшти дека во рамки на објектот не е регистриран ниту еден инцидент, и покрај извештаите за присуство на вооружени лица и снимките кои кружат на социјалните мрежи на кои е снимена целата оперција за ликвидација на водачот на нарко картел.
Во објава на социјалната мрежа X, Pacific Airport Group (GAP) наведе дека аеродромот функционира нормално, само неколку часа по операцијата на федералните безбедносни сили во сојузната држава Халиско, во која беше убиен водачот на картелот Немесио Рубен Осегера Сервантес.
🚨 Imágenes del aeropuerto de Guadalajara.
— Pamela Cerdeira (@PamCerdeira) February 22, 2026
pic.twitter.com/LKi1IbxOK8
Од GAP информираа дека нема откажувања на летови ниту други нарушувања поврзани со настаните во Халиско, каде што во неделата наутро на автопатиштата се појавиле запалени барикади поставени од припадници на нарко-картел.
„Настаните регистрирани во различни делови од државата не влијаат врз работата во рамки на аеродромот ниту врз безбедноста на самиот објект. Аеродромот го обезбедуваат Националната гарда и Министерството за национална одбрана“, се наведува во соопштението.