Панел-дискусија на ИМА: Како медиумите известуваа за евроинтеграциите пред и по изборите?

На 9 октомври 2024 година, во хотелот „Сити Парк“ во Скопје, со почеток во 12 часот, ќе се одржи панел-дискусија на тема „Како известуваа медиумите за евроинтеграциите пред и по изборите?“, организирана од Институтот за медиуми и аналитика (ИМА). Настанот ќе се фокусира на медиумското известување за клучниот процес на евроинтеграција во контекст на изборите и нивното влијание врз јавниот дискурс.

Панелисти на дискусијата ќе бидат Слободанка Јовановска, истакната новинарка и уредник за надворешна политика, проф. д-р Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации, како и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во ИМА. Тие ќе ги презентираат клучните наоди од нивните анализи за медиумското покривање на евроинтеграциите пред и по изборите, разгледувајќи ги начините на кои медиумите влијаеле врз перцепциите на јавноста и политичките наративи во врска со процесот на пристапување во Европската Унија.

Настанот е отворен за новинари, медиумски аналитичари, студенти по новинарство, како и за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за улогата на медиумите во процесот на евроинтеграција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни