Панелисти на дискусијата ќе бидат Слободанка Јовановска, истакната новинарка и уредник за надворешна политика, проф. д-р Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации, како и Жарко Трајаноски, раководител на истражувања во ИМА. Тие ќе ги презентираат клучните наоди од нивните анализи за медиумското покривање на евроинтеграциите пред и по изборите, разгледувајќи ги начините на кои медиумите влијаеле врз перцепциите на јавноста и политичките наративи во врска со процесот на пристапување во Европската Унија.
Настанот е отворен за новинари, медиумски аналитичари, студенти по новинарство, како и за сите заинтересирани граѓани кои сакаат да дознаат повеќе за улогата на медиумите во процесот на евроинтеграција.