Светот се бори со пандемија на менталното здравје: Податоците алармираат

Просечно, на 100.000 жители доаѓаат само 13 психијатри, а во земјите со низок приход бројката е далеку помала. Дополнително, услугите се скапи и недостапни за мнозинството население. Стигмата и натаму е огромна пречка – во многу култури менталните нарушувања се сметаат за „срам“, што ги одвраќа луѓето да побараат помош.

Во последната деценија менталното здравје стана една од најгорливите глобални теми. Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека депресијата и анксиозноста се меѓу водечките причини за инвалидитет ширум светот, а бројките пораснаа драматично по пандемијата на ковид-19. Бројките што алармираат Според СЗО, повеќе од 970 милиони луѓе во светот живеат со некакво ментално нарушување. Депресијата зафаќа околу 280 милиони луѓе, а анксиозноста – 301 милион.

Загрижувачки е фактот што повеќе од половина од овие лица никогаш не добиваат професионална помош. Менталните нарушувања не се само лична трагедија – тие се и економска закана. Проценките покажуваат дека глобално се губат околу една трилион долари годишно поради намалена продуктивност, отсуства од работа и социјални последици од недијагностицирани или нелекувани состојби. Пандемијата ја зголеми кризата Ковид-19 не беше само здравствена и економска, туку и психолошка катастрофа. Стравот од зараза, изолацијата, загубата на блиски лица и економската несигурност доведоа до рекордни нивоа на анксиозност и депресија.

Истражувањата на „Lancet“ покажуваат зголемување на овие нарушувања за повеќе од 25% во првата година од пандемијата. Иако пандемијата заврши, последиците остануваат – особено кај младите и здравствените работници, кои беа под најголем притисок. На удар се маргинализираните групи.

Просечно, на 100.000 жители доаѓаат само 13 психијатри, а во земјите со низок приход бројката е далеку помала. Дополнително, услугите се скапи и недостапни за мнозинството население. Стигмата и натаму е огромна пречка – во многу култури менталните нарушувања се сметаат за „срам“, што ги одвраќа луѓето да побараат помош.

Сепак, се гледаат позитивни промени. Сè повеќе земји инвестираат во програми за ментално здравје во училиштата, на работните места и во локалните заедници. Дигиталната револуција отвори нови можности – онлајн терапијата и мобилните апликации за психолошка поддршка стануваат сè попристапни. Организациите бараат менталното здравје да стане дел од примарната здравствена заштита, со цел секој пациент да добие навремена и достапна помош. Менталното здравје е глобален предизвик кој бара итна акција. Депресијата и анксиозноста не познаваат граници, јазик или култура. Светот веќе ја плаќа цената во изгубени животи, изгубена продуктивност и кревки заедници. Решението е во комбиниран пристап – повеќе ресурси, едукација и рушење на стигмата. Светската порака е јасна: нема здравје без ментално здравје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни