Пандата во зоолошката градина во Берлин роди близнаци

Близначињата панди биле тешки само 169 и 136 грама, а долги околу 14 центиметри.
Фото: Zoo Berlin

Зоолошката градина во Берлин објави дека нивната џиновска панда Менг Менг по втор пат добила близнаци. Близнаците се родиле вчера и се во добра состојба, соопштија од зоолошката градина.

„Сега е време да стискаме палци за критичните први неколку денови“ наведоа од таму.

Младите панди се тешки само 169 и 136 грама, а долги околу 14 центиметри.

Како и кај другите големи мечки, џиновските панди се раѓаат глуви, слепи и розови. Нивните црно-бели шари се развиваат понатаму.

Менг Менг и мажјакот Јиао Кинг стигнаа во Берлин во 2017 година. Во август 2019 година, Менг Менг ги родила Пит и Паула, познати и како Менг Ксианг и Менг Јуан, првите џиновски панди родени во Германија.

Близнаците беа главна атракција во Берлин, но беа пренесени во Кина во декември минатата година, бидејќи претходно не можеа да патуваат поради пандемијата на КОВИД-19.

Кина со децении даруваше панди на пријателските нации во рамките на својата „панда дипломатија“, а сега ги позајмува на зоолошките градини под комерцијални услови.

Џиновските панди имаат потешкотии со размножувањето поради што раѓањето на нови панди е секогаш добредојдено. Во Кина живеат околу 1800 панди во дивината, а неколку стотици се во зоолошки градини низ светот.

Менг Менг била вештачки оплодена во март. Зоолошката градина соопшти дека женските панди се плодни само 72 часа годишно.

Извор: Н1

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни