Отпуштањата ќе опфатат 5.000 вработени во Јапонија и 5.000 вработени во странство.
Генералниот директор на Panasonic Holdings Група, Јуки Кусуми, изјави дека ова е тешка одлука за компанијата и дека тој е одговорен за неа. Тој ветил дека ќе го намали својот годишен бонус за 40%.
Јапонските медиуми пренесоа дека отпуштањата ќе се реализираат во текот на оваа фискална година, која започна во април.
До март 2024 година, компанијата имала 228.000 вработени ширум светот, што значи дека отпуштањата ќе влијаат на 4% од работната сила.
Panasonic размислува за продажба или укинување на своето непрофитабилно одделение за телевизори и за поделба на својата подружница за производство на домаќински апарати на неколку нови претпријатија.