На површина од 900 квадратни метри, Општина Битола почна изведба на „Памп трак”, полигон за велосипеди што ќе биде лоциран во градскиот парк, во близина на за битолчани познатото „Ќумурно” игралиште.
Патеката ќе понуди повеќе начини на забавно возење во безбедна и контролината средина. Вкупната вредност на проектот е 5,2 милиони денари, а средствата во целост се обезбедени од буџетот на Општина Битола, соопштија од тамошната локална самоуправа потсетувајќи дека во овој момент во градот почнувајќи од Нова Битола, се градат и велосипедски патеки.