Палеонтолози во Перу ископале фосил на голема бела ајкула, стар девет милиони години

Се верува дека оваа ајкула е предок на големата бела ајкула. Таа сега е изумрена, но нејзините заби некогаш биле долги до 8 – 9 см, додека возрасните примероци можеле да достигнат скоро седум метри должина – што е големина на мал чамец

Откриен на 235 км јужно од Лима, во перуанскиот басен Писко, скоро целосниот фосил Cosmopolitodus Hastalis нуди увид во минатото, откривајќи страшен предатор кој некогаш доминирал во водите на јужниот Пацифик, каде што веројатно ловел јата сардини, пренесува Ројтерс. Ова пустинско подрачје е познато по честите откритија на древни морски видови.

Се верува дека оваа ајкула е предок на големата бела ајкула. Таа сега е изумрена, но нејзините заби некогаш биле долги до 8 – 9 см, додека возрасните примероци можеле да достигнат скоро седум метри должина – што е големина на мал чамец.

Сезар Аугусто Чакалтана, инженер во перуанскиот институт за геологија и рударство (INGEMMET), рече дека остатоците од ајкулата покажуваат „извонредна фосилизација“.

Истражувачите ги претставиле остатоците од древната ајкула во неколку стаклени урни, вклучувајќи една што содржи огромна вилица со остри заби.

„Нема многу целосни ајкули (фосили) на светот“, додаде палеонтологот Марио Урбина на презентацијата, додавајќи дека во стомакот биле пронајдени остатоци од многу сардини.

Перуанските палеонтолози во ноември претставија фосил на млад крокодил што живеел пред повеќе од 10 милиони години во близина на централниот Перу, каде што се наоѓаат Писко и земјоделскиот регион Ика.

Во април минатата година, истражувачите претставија фосилизиран череп на најголемиот познат рековен делфин, кој некогаш живеел во Амазон пред околу 16 милиони години.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни