Маскирани и вооружени мажи го запалија божиќното дрво лоцирано на главниот плоштад во градот Сукејлабија во централна Сирија, пишува Би-Би-Си. По оштетувањето на дрвото, во Сирија избија протести. Илјадници демонстранти излегоа на улиците и од исламистичката група Хајат Тахрир ал-Шам (ХТШ) за да ги заштитат правата на верските малцинства. ХТШ соопшти дека дрвото во Шукајлабија било запалено од странски борци и дека биле приведени. Исламистите додадоа дека дрвото ќе биде заменето. Во Сукајлабија преовладува христијанското население.
Демонстрантите од областа Баб Тум во Дамаск носеа крст и сириски знамиња и извикуваа „ќе ги жртвуваме нашите души за нашиот крст“.
„Ако во нашата земја не можеме да живееме во согласност со нашите христијански верувања, а би можеле, тогаш повеќе не припаѓаме овде“, изјави демонстрантот Жорж за новинската агенција АФП.
Во Сирија живеат многу етнички и верски заедници. Мнозинството се арапски сунити, а во земјата има и Курди, Ерменци, Асирци, Христијани, Друзи и Алавити шиити. Не се знае како ХТШ ќе владее со Сирија. Да потсетиме, оваа група пред нешто повеќе од две недели го собори режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Претставниците на ХТШ порачаа дека ќе ги штитат правата на етничките и верските малцинства.
Обединетите нации, Соединетите Американски Држави, Европската Унија и Обединетото Кралство ја сметаат ХТШ за терористичка организација, но има знаци дека тоа може да се промени. САД сè уште спроведуваат воени операции во Сирија. Неодамна двајца оперативци на Исламската држава беа убиени во воздушен напад врз градот Деир Езор на северот на земјата.