Пакомак со нови 4 повратни вендинг машини за собирање на пластични шишиња и лименки во Охрид и Струга

Пакомак постави четири повратни вендинг машини за собирање на пластични шишиња и лименки во Охрид и Струга.

Во Охрид поставени се две повратни вендинг машини и тоа во Kам Маркет во Т.Ц. Кам Вилиџ и во Tamaro на ул.„АСНОМ“ бр.21. 

Во Струга пак повратните вендинг машини се наоѓаат во Kам Макрект во Генц Дуа Мол и во Market Misa на ул.„Димитар Влахов“.

„Доволно е да имате желба соодветно да го одложувате отпадот и секако да ја превземете апликацијата Екомак а притоа тоа добивате „зелени поени“, кои подоцна можете да ги искористите за купување ваучери и производи. Охрид и Струга се нашите најголеми туристички центри кои ги посетуваат илјадници туристи годишно. Со поставување на вендинг машините придонесуваме за намалување на отпадот по улиците и плажите, а со тоа овозможуваме почисти и поубави туристички места. Апелираме до жителите и туристите во Охрид и Струга да ги собираат пластичните шишиња и лименки и да ги одложуваат во повратните вендинг машини. Да го претвориме ѓубрето во корисен отпад“ , порачуваат од Пакомак.

ЕкоМак апликацијата на Пакомак може да се превземе на следниот линк – https://qrco.de/bdB0HZ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни