Прогласени победниците на овогодинешниот натпревар Trash for Art 2026 организиран од Пакомак

Секое пријавено дело на свој начин ја раскажува приказна за одговорноста кон животната средина и ја потврдува силната порака дека отпадот може да добие нов живот преку уметноста.

И оваа година, Пакомак ја поттикна креативноста, иновативноста и еко-свеста
преку организација на традиционалниот натпревар за уметнички дела создадени
од амбалажен отпад „Trash for Art“. Организиран со цел да покаже дека
амбалажниот отпад може да има и друга намена, односно да се селектира и да се
искористи за создавање уметнички дела.
Секое пријавено дело на свој начин ја раскажува приказна за одговорноста кон
животната средина и ја потврдува силната порака дека отпадот може да добие нов
живот преку уметноста.

Жирито имаше навистина тешка задача, имајќи предвид дека пристигнаа бројни
квалитетни и инспиративни творби. По внимателно разгледување, беа избрани
најдобрите во категориите: градинки, основни училишта, како и поединци и други
организации, при што најуспешните учесници беа наградени со парични награди
за прво (30.000 денари), второ (20.000 денари) и трето место (10.000 денари).
Како резултат на партнерската поддршка и заедничката еко-мисија за почиста и
поодржлива животна средина посебни награди беа доделени и во рамки на 2
специјални категории. Првата, за уметнички дела изработени од електронски
отпад поддржана од компанијата за собирање на електрична и електронска
отпадна опрема Нула Отпад, а втората специјална категорија за делата направени
исклучиво од амбалажа од производите на фармацевтската компанија Алкалоид.
Организаторот Пакомак заедно со своите партнери, упатува искрени честитки до
сите победници, како и благодарност до сите учесници за нивната посветеност,
труд и инспиративни идеи. Со нивниот придонес, Trash for Art и оваа година
прераснува во еко-свесна платформа што ги спојува уметноста, едукацијата и
одржливоста.
Ова се наградените:
КАТЕГОРИЈА ГРАДИНКИ
Прво место:
Приватна градинка Светот на Колорес, Скопје
Награда: 30.000 денари
Дело: Срце што се грижи

Второ место:

Градинка Спортски Центар Младост, Тетово
Награда: 20.000 денари
Дело: Златна рипка
Трето место:
ЈОУДГ Борис Трајковски, Демир Капија
Награда: 10.000 денари
Дело: Бик
Трето место:
ЈОУДГ Наша Планина, Прилеп
Награда: 10.000 денари
Дело: Еко град на здравјето

КАТЕГОРИЈА ПОЕДИНЦИ
Прво место:
Даниела Москова
Награда: 30.000 денари
Дело: Феникс- симбол на повторно раѓање и нов почеток

Второ место:
Елеонора Илоска
Награда: 20.000 денари
Дело: Пајак
Трето место:
Андреј Бошевски
Награда: 10.000 денари
Дело: Афродита

КАТЕГОРИЈА УЧИЛИШТА
Прво место:
ООУ Блаже Конески, Велес
Награда: 30.000 денари
Дело: Еко-Желка

Второ место:
ООУ Димче А.Габерет, Демир Капија
Награда: 20.000 денари
Дело: Човек

Трето место:
ООУ Кочо Рацин, Прилеп
Награда: 10.000 денари
Дело: Еднорог

Трето место:
ООУ Петар Поп Арсов, Скопје
Награда: 10.000 денари
Дело: Дамата од рециклирaчки материјал

Наградени дела од АЛКАЛОИД
1.Приватна градинка Светот на Колорес, Скопје
Дело: Срце што се грижи

  1. ЈОУДГ Наша Планина, Прилеп
    Дело: Еко град на здравјето
  2. ООУ Григор Прличев, Охрид
    Дело: Алка Спринт: Трка до здравјето
  3. Живко Савевски
    Дело: макета од производна амбалажа на Алкалоид

Специјална категорија “Нула Отпад”
Прво место:
ООУ Блаже Конески, Велес
Награда: 30.000 денари
Дело: По последниот клик

Второ место:
ООУ Братство Единство, Охрид
Награда: 20.000 денари
Дело: Бегство од дигиталниот хаос

Трето место:
Тина Вучињиќ
Награда: 10.000 денари
Дело: Сабљарка

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни