Вчера доцна навечр, Пакистан со дронови изврши напад на западниот и северозападниот дел на Индија, вклучувајќи го регионот Кашмир, Џаму, Амритсар, Пенџаб, Раџастан и Гуџарат. Индија пријави дека биле погодени 26 локации, меѓу кои воени бази, градови и верски објекти, со експлозии во Џаму и Сринагар.
Во Џаму преку ноќта имало експлозии во близина на воена база, а во Сринагар биле забележани проектили на небото. Во Ферозепур, во Пенџаб, била погодена цивилна зона и повредена е една фамилија.
Пакистан ја негираше одговорноста за нападите, но индиските власти изјавија дека нападите биле извршени со турски дронови Asisguard Songar, при што барем еден дрон бил соборен.
Како одговор, Индија извршила четири дрон-напади врз пакистанската воена инфраструктура, додека Пакистан пријави соборување на пет индиски авиони во воздушни судири.
Нападите предизвикале прекин на струја, евакуација на цивили и суспензија на летови. Двете страни пријавија цивилни жртви, а меѓународната заедница повика на смирување на тензиите и дијалог.
Овој конфликт е најинтензивен меѓу Индија и Пакистан во последните 30 години, и постои загриженост за можно проширување на воената ескалација меѓу двете нуклеарни сили.