Пакистан повикува муслиманските држави да ги прекинат односите со Израел

Пакистан изрази целосна поддршка за Иран по израелските напади и повика на обединување на муслиманските држави против Израел.

– Стоиме со Иран и ќе го поддржиме на секој меѓународен форум за заштита на неговите интереси, изјави пакистанскиот министер за одбрана Хаваџа Асиф во обраќање пред националното собрание.

Тој нагласи дека Израел ги напаѓа Иран, Јемен и Палестина, и предупреди: – Ако муслиманските држави не се обединат сега, сите ќе бидат следни.

Асиф повика на итен состанок на Организацијата за исламска соработка (ОИС) и побара сите муслимански земји веднаш да ги прекинат односите со Израел.

Во меѓувреме, пакистанскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ишак Дар изјави дека израелскиот напад е „дрска повреда на суверенитетот на Иран“.

Пакистан и Иран имаат заедничка граница од 750 километри.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни