Пакистан го нападна Кабул: Авганистан тврди дека е погодена болница, над 200 загинати

Тензии меѓу Пакистан и Авганистан ескалираат: Кабул обвинува за напад врз болница со над 200 жртви, додека Исламабад тврди дека цел биле само воени објекти.

Авганистан ја обвини пакистанската војска дека погодила болница во Кабул во која се лекувале зависници од дрога, при што загинале повеќе од 200 луѓе. Пакистан ги отфрли обвинувањата, тврдејќи дека нападите биле насочени исклучиво кон воени цели.

Портпаролот на авганистанското Министерство за здравство, Шарафат Заман, изјави дека болницата е целосно уништена, а бројот на жртви го соопшти во интервју за локални медиуми објавено на социјалните мрежи.

Локалните телевизии прикажаа снимки од пожарникари кои се борат со огнот меѓу урнатините, додека сведоци зборуваат за силни експлозии. Нападот се случил само неколку часа по размена на оган долж заедничката граница, при што во Авганистан загинале четири лица.

Портпаролот на авганистанската влада, Забихулах Муџахид, изјави дека најголем дел од жртвите биле пациенти кои се лекувале во установата.

Од друга страна, портпаролот на пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, Мушараф Заиди, ги отфрли обвинувањата како неосновани, нагласувајќи дека ниту една болница во Кабул не била цел на нападите. Пакистанското Министерство за информации соопшти дека ударите биле „прецизни и внимателно изведени“, насочени кон воена инфраструктура и позиции на авганистанските талибанци и други милитантни групи.

Размената на обвинувања доаѓа во време кога Советот за безбедност на Обединетите нации повика на засилена борба против тероризмот во Авганистан. Воедно, мандатот на мисијата UNAMA е продолжен за три месеци.

Судирите меѓу двете земји започнаа кон крајот на февруари со меѓусебни прекугранични напади, со што беше нарушено примирјето постигнато во октомври со посредство на Катар. Двете страни изнесуваат спротивставени податоци за бројот на жртви, додека тензиите продолжуваат да растат

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни